Градоначалникот на Рим Роберто Гвалтијери му ја врачи највисоката цивилна награда на градот Рим „Капитолска волчица“ на холивудскиот актер Роберт Де Ниро.
„Рим му оддава чест на извонредниот уметник, способен да ги надмине жанровите и епохите, со сетрсаност која постави референци во современата кинематографија. Роберт де Ниро помогна во испишувањето на историјата на големото платно, зашеметувајќи ја публиката со незаборавни актерски изведби“, рече Гвалтиери на церемонијата на врачување на наградата во римскиот Капитол.
Роберт де Ниро се заблагодари на неверојатната чест и кажа дека Рим е повеќе од град, затоа што е живо уметничко дело. „Да се биде препознат на местото што толку даде на светската култура, филмот и убавината е многу емотивно. Моето семејство има италијански корени, така што признанието има и лично значење за мене“ порача холивудската суперѕвезда.
Слични новости
Словенците на референдум го отфрлија законот за еутаназија
Словенците на референдум одржан во неделата го отфрлија законот за асистирана смрт или еутаназија, покажаа резултатите на референдумот. Одзивот на гласачите бил 40,4 насто, а против се изјасниле 53 насто од гласачите.
Грците се повеќе и веруваат на вештачката интелигенција и управувањето со парите
Третина од испитаните Грци преферира своите финансиски состојби да ги дели со бот на ВИ, а 38 насто изјавиле дека се чувствуваат помалку осудувани кога разговараат за заостанати долгови со вештачката интелигенција, што е за дури 10 насто повеќе отколку минатата година
Златен часовник од „Титаник“ продаден за рекордни 1,78 милиони фунти
Златен џебен часовник пронајден кај повозрасна двојка која смртно настрадала при потонувањето на легендарниот пароброд „Титаник“ е продаден за рекордни 1,78 милиони фунти на наддавање


