Градоначалникот на Рим Роберто Гвалтијери му ја врачи највисоката цивилна награда на градот Рим „Капитолска волчица“ на холивудскиот актер Роберт Де Ниро.

„Рим му оддава чест на извонредниот уметник, способен да ги надмине жанровите и епохите, со сетрсаност која постави референци во современата кинематографија. Роберт де Ниро помогна во испишувањето на историјата на големото платно, зашеметувајќи ја публиката со незаборавни актерски изведби“, рече Гвалтиери на церемонијата на врачување на наградата во римскиот Капитол.

Роберт де Ниро се заблагодари на неверојатната чест и кажа дека Рим е повеќе од град, затоа што е живо уметничко дело. „Да се биде препознат на местото што толку даде на светската култура, филмот и убавината е многу емотивно. Моето семејство има италијански корени, така што признанието има и лично значење за мене“ порача холивудската суперѕвезда.

Слични новости

„Wicked for good“ отвори со рекордна заработка од 226 милиони долари на Бокс Офисот

„Wicked for good“ отвори со рекордна заработка од 226 милиони долари на Бокс Офисот

Филмската адаптација на бродвејскиот мјузикл „Wicked for good“ за нераскажаната приказна на вештерките од Оз урива рекорди на светските кино благајни. Филмот во САД викендов заработи рекордни 150 милиони долари што е историски рекорд за адаптација на бродвејски мјузикл