Банкарски ограбувачи зедоа повеќе заложници во западногерманскиот град Зинциг соопшти полицијата која постави кордони  а неколку тешко вооружени полицајци ја опколија банката.

Меѓу заложниците е и возачот на оклопното возило со кое се превезувале парите. Според весникот „Билд“ имало и претрелка.

Се уште не е јасно  колку осомничени за грабеж се вклучени и какво оружје поседуваат.

Полицијци со шлемови и балистички елеци и пушки се пред филијалата на банката во градот.

 

Слични новости

Норвешката полиција го истражува поранешниот премиер Јагланд за врските со Епштајн

Норвешката полиција во четвртокот соопшти дека отворила истрага за „отежната корупција“ против поранешниот премиер Торбјорн Јагланд поради неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.

Атентат врз руски генерал во Москва

Високиот генерал во руската војска Владимир Алексеев е застрелан неколкупати и ранет во Москва. Генерал-полковникот Алексеев беше превезен во болница веднаш по нападот во станбена зграда во северозападниот дел на градот и неговата состојба е непозната.