Возачите на Ферари, Шарлс Леклер и Луис Хамилтон, кои завршија на петтото и шестото место на неделната трка за Големата награда на Кина во Шангај, беа дисквалификувани откако стјуардите откриле неправилности во нивните болиди.

Тежината на Ферарито управувано од Леклер било под пропишаната вредност на мерењето по трката, што резултираше со дисквалификација.

Возилото на Хамилтон, пак, било во рамките на дозволената тежина, но судиите забележаа знаци на прекумерно абење на шасијата, што повторно доведе до дисквалификација на 40-годишниот Британец, кој во саботата славеше во спринт трката и со тоа ја постигна првата победа зад воланот на Ферари.

Французинот Пјер Гасли од Алпен, исто така, беше дисквалификуван, откако ја мина целта на 11-то место.

По овие дисквалификации има промени во конечните резултати, како и во пласманот на Светското првенство, како во конкуренција на возачи, така и во конкуренција на конструктори.

Хамилтон падна на деветтото место во поредокот кај возачите со девет бодови, додека Леклер е десетти со осум бодови. Ферари падна на петтото место со 17 бодови, а Вилијамс е на четвртото место со исто толку бодови.

 

globe

Слични новости

Мексико побеник на турнирот КОНКАКАФ

Мексико побеник на турнирот КОНКАКАФ

Мексико ја совлада Панама со 2:1 во финалето на Лигата на нации во КОНКАКАФ во Инглвуд во неделата, а победата ја обезбеди двојниот стрелец Раул Хименез