Цените на горивата во Црна Гора во септември беа за 32,3 насто повисоки во однос на септември минатата година, а превозот поскапе за 18,5 насто. Годишната инфлација достигна 5,2 насто, што е највисоко ниво од април 2024, покажаа податоците на Црногорската управа за статистика.

Растот на цената на горивата придонесе на вкупната годишна инфлација со 2,17 насто, што е околу 40 насто од вкупната стапка на инфлацијата.

Цените на храната поскапеа за 2,6 насто, но зеленчукот е поскапен за 5,7 проценти.

Производите од тутун поскапеа за 15 насто во рок од една година, откако владата два пати ги зголеми акцизите во јануари и во јули.

Слични новости