Нови, повисоки, цени на горивата за два до два и пола денари од полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика

Еуросупер БС-95 поскапува за два денара и ќе чини 87 денари за литар, а Еуросупер БС-98 поскапува за два и пол денари и од полноќ ќе се продава по цена од 89 денари за литар. За два и пол денари се зголемува и цената на дизелот кој сега ќе чини 92 денара за литар.

Новите цени се зголемени во просек за 1,84% во однос на одлуката од минатиот понеделник.

Владата во саботата на вонредна седница донесе одлука до 1 јуни да продолжат мерките за ублажување на последиците од кризата на Блискиот Исток.

 

Слични новости

Вредностите на криптовалутите и натаму во слободен пад

Вредностите на криптовалутите и натаму во слободен пад

Вредноста на биткоинот на најголемата берза на криптовалути Бајненс падна под 60 000 евра и сега изнесува 59.378 евра. Индексот на страв и алчност за биткоин се наоѓа на нивото 11 што е многу високо ниво на страв и незивесност.