Екстремните топлотни бранови и сушата кои ова лето погаѓаат големи делови од европскиот континент би можеле целосно да го уништат очекуваниот економски раст на Европската унија.
Пореметувањата предизвикани од екстремните горештини ќе го намалаот БДП-то на ЕУ за 1 насто, што одговара на загуба од околу 180 милијарди евра, пренесе германскиот весник Шпигел.
Се очекува дека земјоделското производство поради сушите и горештините може да опадне и до 7 проценти. Сепак, најголемиот причинител на загуби е пад на продуктивноста на работата предизвикана од жештините.
Слични новости
Србија ги намали акцизите на горивата за 20 проценти
Владата на Србија донесе одлука за привремено намалување на акцизите за гориво поради зголемување на цената на нафтата на светските пазари.
Профитот на „Рајан ер“ намален за една третина
Акциите на ирската нискобуџетна авио-компанија Рајан ер денеска паднаа за повеќе од пет насто, откако компанијата објави дека нејзината нето добивка во првиот квартал опадна за 34 насто меѓугодишно