Екстремните топлотни бранови и сушата кои ова лето погаѓаат големи делови од европскиот континент би можеле целосно да го уништат очекуваниот економски раст на Европската унија.
Пореметувањата предизвикани од екстремните горештини ќе го намалаот БДП-то на ЕУ за 1 насто, што одговара на загуба од околу 180 милијарди евра, пренесе германскиот весник Шпигел.
Се очекува дека земјоделското производство поради сушите и горештините може да опадне и до 7 проценти. Сепак, најголемиот причинител на загуби е пад на продуктивноста на работата предизвикана од жештините.
Слични новости
Во Хонг Конг на секои шест месеци се уништуваат 20.000 непродадени парчиња гардероба од брендот „Шанел“.
Многу непродадени луксусзни производи се уништуваат заради зачувување на ексклузивноста и заштитата од сивата економија, иако Европската Унија ја забрани оваа практика.
Цената на нафтата падна за пет насто поради можно дипломатско решение за војната во Персискиот залив
Цените на нафтата на крајот на тргувањето на светските берзи во петокот паднаа за повеќе од пет проценти, по извештајот дека се обновуваат преговорите меѓу САД и Иран. Тоа ги поттикна очекувањата дека дипломатско решение би можело да придонесе за смирување на тензиите на Блискиот исток, пренесе Трејдинг економикс.
Спогодбата за спојување на Парамаунт и Ворнер Брос одложена до јуни 2027
Компанијата Парамаунт Скајденс соопшти дека прифатила да се одложи спојувањето со медиската групација Ворнер Брос Дискавери до први јуни 2027, односно до завршување на судската остапка по тужбата на државните обвинители кои бараат забрана на трансакцијата вредна 110 милијарди долари поради сомнеж дека ја нарушува пазарната конкуренција.


