Бескомпромисен борец за почитување на законите, заколнат борец за владеењето на правото, некој кој ќе биде отпорен на партиски и на политички влијанија и ќе претставува круна на целиот обвинителски систем е профилот на личност, кој денеска го изнесе претседателката Гордана Сиљановска Давкова, одговарајќи на новинарско прашање каква личност смета дека треба да биде на највисоката позиција во обвинителскиот систем во државата.

Сиљановска Давкова во однос на последната одлука на Владата за продолжување на постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и нејзино доставување до Собранието, напомена дека во државата има јасна поделба на власта и дека иако таа има професорски бекградунд, сепак во моментов настапува и изнесува став како како шеф на државата и оти за избор и разрешување на обвинител постојат јасни законски прописи.

„Каков профил на јавен обвинител сакам, сакам бекомпромисен борец за почитување на законите, бидејќи јавните обвинители се надлежни за гонење на сторителите на кривични дела, а колку се важни ќе ви кажам, во некои земји како во Британија јавниот обвинител, по функција е член на Владата во поширока смисла, некој кој ќе биде заколнат борец за владеење на правото, некој кој ќе биде отпорен на партиски и на политички влијанија, некој кој што ќе биде круна на целиот обвинителски систем, бидејќи ако нема промени во обвинителскиот систем нема да има ниту успешни судски реформи. Затоа јас се израдував многу кога министерот за правда, односно Владата целиот пакет закони, што ретко се случувало кај нас, го испрати на Венецијанската комисија, дури и присустував дента, кога поминаа некои закони и добија мислење, рече претседателката, по отворањето Меѓународниот форум насловен „Глокализација 2.0: Одржлива родово-одговорна иднина”, организиран од Регионалната мрежа за родово одговорно буџетирање (GBWN).

Таа нагласи дека овие закони не одат на хармонизација, бидејќи нема директиви и регулативи за оваа материја, односно строгиот тест на Венецијанската комисија е доволен за да се најдат во постака.

„Ја охрабрувам Владата и Министерството за правда да ги испрати законите во Собранието за навистина да создадеме прв нормативен исчекор кон поинаков начин на регрутирање и на судии и на луѓе во Судскиот совет“, рече Сиљановска Давкова, додавајќи дека во комисиите кои работеле на законите учествувале врни експерти, но и претставници на ЕУ во рамки на планот за владеење на правото.

Таа додаде оти смета дека навистина има гаранција барем нормативно да се направи голем исчекор за да се справиме со најголемиот проблем – коруцијата и криминалот, за кои, додаде дека не се само проблем кај нас. Според Евробарометар, дополни претседателката, корупцијата и криминалот денес се најтешките проблеми во перцепцијата на сите европски граѓани.

globe

Слични новости

Филипче најави дека СДСМ ќе поднесе резолуција во Собранието за мигрантите – ако не биде прифатена, ќе има протести

Филипче најави дека СДСМ ќе поднесе резолуција во Собранието за мигрантите – ако не биде прифатена, ќе има протести

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска најави нов институционален чекор за одбрана на земјата од, како што вели, веќе договорениот прием на мигранти во Македонија

Kривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски

Kривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје вчера поднесе кривична пријава против О.С. (49) од Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“

Нови протести на земјоделците во Грција, повторно блокада на Евзони

Нови протести на земјоделците во Грција, повторно блокада на Евзони

Денеска грчките земјоделци најавија дека за време на нивниот штрајк повторно ќе го блокираат граничниот премин Евзони. Блокадата на граничниот премин за влез и излез од Македонија кон Грција е најавена од 12-16 часот и од 18-22 часот по локално време.