Италијанскиот спортски весник „Газета дело Спорт“ објави дека хрвтаскиот тениски тренер Горан Иванишевиќ е кандидат да стане тренер на светскиот рекет број 1 Јаник Синер. Иванишевиќ би пристигнал на местото на Дарен Кејхил кој ќе се раздели со Синер на крајот од сезоната.
Горан Иванишевиќ е без ангажман по разделбата со Елена Рибакина.
Хрватскиот освојувач на Вимблдон би можел да му помогне на Синер да го унапреди сервисот како што години тоа го правеше со Новак Ѓоковиќ. Со српскиот тенисер, Иванишевиќ имаше одлична соработка и од неговиот сервис направи моќно оружје, се наведува во текстот на „Газета“.
Освен Иванишевиќ, како кандидати за тренер на Синер се наведуваат и Андре Агаси и Андреас Сепи.
Слични новости
Насер Џига замина од Ѕвезда во Вулверхемптон
Досегашниот фудбалер на Црвена Ѕвезда Насер Џига потпиша договор со Вулверхемптон до 2030, соопшти англискиот клуб.
НБА: Уште еден „трипл-дабл“ на Јокиќ во победата на Денвер
Никола Јокиќ додаде уште еден 23-ти „трипл-дабл“ сезонава со 27 поени, 14 скока и 10 асистенции.
Фокс разменет во Спарс, ЛаВин оди во Кингс
Голема размена се случи во американската професионална кошаркарска НБА лига, во која учествуваа три клуба, а беа разменети седум играчи и уште седум избори на драфтот, а најголемото име што го промени клубот беше „Ол-стар“ бекот Де’Арон Фокс, кој премина од Сакраменто Кингс во Сан Антонио Спарс