Горан Герасимовски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Центар, вечерва прогласи победа. „Денес победи прогресивното, модерното, чесното, слободното и правичното, на слободни, фер и демократски избори, изјави Герасимовски заблагодарувајќи им се на сите граѓани кои му ја дадоа довербата.

Во своето обраќање, тој нагласи дека вториот мандат за него претставува уште поголема одговорност и обврска.

 

„Да се биде градоначалник е огромна чест и признание. Да те изберат двапати за мене значи најголемо признание и чест, уште повеќе, затоа што тоа за мене е највисока одговорност и обврска која целосно ја прифаќам и која целосно ќе ја исполнам заедно со нашиот тим“, рече тој.

Герасимовски потенцираше дека успехот на изборите е резултат на четиригодишна посветена работа, реални ветувања и отворена комуникација со граѓаните. Тој најави дека ќе продолжи со реализација на проектите кои се од интерес на граѓаните и дека Општина Центар ќе биде пример за чесно и одговорно управување.

„Ние ќе продолжиме како и досега со силен мотив и работа да ги спроведеме ветените проекти, затоа што тие им помагаат на граѓаните. Центар го подигнуваме на ново, повисоко ниво. Сите Ве уверувам, сѐ што кажавме се ќе исполниме. Ќе бидеме вистинскиот пример и за Центар и за целата држава. За резултати, за чесност, за вредност, ќе бидеме оригинален пример, но и алтернатива на сите погрешни политики“, нагласи тој.

Согласно податоците од Државната изборна комисија, од 94,23 проценти обработени гласачки ливчиња, Горан Герасимовски има освоено 52,66 % од гласовите, а противкандидатот на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ 38,32 %.

globe

Слични новости

Филипче: Нов фронт на СДСМ против корупцијата на власта! 

Филипче: Нов фронт на СДСМ против корупцијата на власта! 

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави нов фронт на СДСМ за борба против корупцијата.Овој фронт како што кажа Филипче, подразбира две крупни иницијативи, кои означуваат нова етапа со борбата со криминалот, корупцијата, криминалните шеми на ВМРО-ДПМН