Голманот на Баерн Минхен и капитен на клубот Мануел Ноер поради повреда ќе го пропушти натпреварот против Аталанта од осмина финалето на Лигата на шампионите.
Ноер го напушти теренот на полувремето во победата на Баерн Минхен врз Борусија Менхенгладбах, а според последните информации клубот не сака да ризикува посериозна повреда на Ноер.
Од Баерн Минхен најавуваат дека за мечот со Аталанта што ќе се игра во 21 часот во вторник во Италија во тимот се враќа најдобриот стрелец Хари Кејн, кој не настапи на последниот меч поради полесна повреда.
Слични новости
Њујорк Никс ги победија на гости Денвер Нагетс со речиси 40 поени разлика
Екипата на Денвер беше сосема безидејна во нападот, а одигра и исклучително слаба одбрана и прими 143 коша на домашен паркет.
Интер заинтересиран за резервниот голман на Реал Мадрид Андреј Лунин
Интер е подготвен да испрати понуда до Реал Мадрид за нивниот втор голман Украинецот Андреј Лунин, откако е сигурно дека голманот на Интер Јан Зомер по завршувањето на сезоната го напушта клубот.
Оклахома сити го победи Њујорк на тешкото гостување во Медисон Сквер Гарден
Оклахома победи со 103:100, а најдобар поединец кај гостите беше центарот Чет Холмгрен кој постигна 28 коша, од кои шест тројки, а ШГА постигна 26 коша.


