Бокс офисот овој викенд се очекува да ја надмине продажбата на кино билети за повеќе од 100 проценти во однос на минатата година.
Главна причина за тоа е вампирскиот филм „Грешници“ на Рајан Куглер со Мајкл Б. Џордан во главната улога, кој во вториот викенд на прикажување се очекува да заработи меѓу 42 и 44 милиони долари. Само во петокот филмот заработи 13 милиони долари

Во премиерниот викенд филмот заработи 48 милиони долари, а во втората недела од прикажувањето филмот ќе постигне речиси иста добивка на Бокс офисот што е еден од најмалите падови во добивка во историјата.
На второто место е трилерот „Акаунтант“ 2 со Бен Афлек, во кој повторно играат и Гевин О’ Конор како братот на Афлек и Оскаровецот Џеј Кеј Симонс како агент на министерството за финансии. Филмот се очекува да заработи меѓу 20 и 25 милиони долари викендов.
На трето место се очекува да биде „Одмаздата на Сит“ – повторна проекција на еден од филмовите од франшизата „Војна на ѕвездите“ кој ја имаше премиерата во 1977. Филмот на Џорџ Лукас ќе биде еден од најгледаните филмови во кино на нивното реемитување со заработка меѓу 20 и 23 милиони долари.

Слични новости
Одбележани 73 години од раѓањето на Горан Стефановски
Кај спомен-клупата во Дебар Маало посветена на Горан Стефановски денеска се одржа настан „Горан е тука“ по повод 73 години од раѓањето на познатиот драмски автор.
Писмото на Наполеон за апсењето на папата Пиј VII продадено за 26.360 евра
Писмото на францускиот император Наполеон во кое тој наводно не се согласува со апсењето на папата Пиј VII, а коешто самиот го наредил, е продадено на аукција во Фонтенбло во неделата за 26.360 евра
„Златен објектив“ на Кинотеката годинава за светло-мајсторот Петар Богоевски
Наградата „Златен објектив“ која Кинотеката им ја доделува на филмски автори и културни работници кои придонеле во создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија, оваа година ќе му припадне на светло-мајсторот Петар Богоевски