Компанијата „Infobip“ предвидува дека клиентите и брендовите ширум светот ќе разменуваат повеќе од 3,9 милијарди пораки за купување на Црниот петок и Сајбер понеделник (Black Friday односно Сyber Monday), или 15 отсто повеќе од минатата година.
Оваа година Црниот петок паѓа на 28-ми ноември, а многу продавници ги продолжуваат своите промоции цела седмица, вклучувајќи го и Сајбер понеделникот, кој обично доаѓа по Денот на благодарноста во САД, или оваа година на 1-ви декември, и важи само за продажба во онлајн продавниците.
„Infobip“ предвидува голем раст на Rich Communication Service (RCS) за овие денови, за 161 отсто за Црниот петок во споредба со минатата година и за 269 отсто за Сајбер понеделник, истакнувајќи дека SMS ќе продолжи да биде водечки канал во малопродажбата со речиси 2,7 милијарди интеракции.
RCS е комуникациски протокол кој ги надградува SMS и MMS и овозможува размена на содржини како што се фотографии, аудио и видео, групни разговори и друго, и работи преку интернет (со Wi-Fi или мобилни податоци).
Најмногу пораки меѓу клиентите и брендовите се очекуваат во САД, повеќе од 1,9 милијарди SMS пораки, додека RCS ќе порасне на повеќе од 57 милиони, што според „Infobip“ е значително повеќе од минатата година.
Исто така, предвидуваат зголемување на ангажманот на WhatsApp за 44 отсто и зголемување на обемот на е-пошта за повеќе од 50 отсто, како и дека американските потрошувачи планираат да потрошат меѓу 250 и 1.000 долари за време на Црниот петок.
Во Европа се очекува и големо зголемување на обемот на RCS, за повеќе од шест пати на Црниот петок и пет пати на Сајбер понеделник, како и тројно зголемување на сообраќајот на WhatsApp, се очекува употребата на е-пошта да порасне за над 50 отсто, а SMS за 37 отсто.
Е-поштата останува главен канал за промоција и потврда на купување во Европа, при што јужноевропските пазари претпочитаат SMS, а северните пазари претпочитаат побогати формати за разговор.
„Infobip“, исто така, наведува дека британските потрошувачи планираат да потрошат помалку од 250 фунти, но многумина и до 1.000 фунти, што укажува на вкупна продажба од неколку милијарди фунти.
Купувачите во Италија, Шпанија и Германија, пак, планираат да потрошат поумерено, меѓу 250 и 500 евра, според податоците на „Infobip“.
Слични новости
Германската економија и во 2025 без позитивен импулс
На германската економија и во оваа година и недостига позитивен замав, а деловниот сентимент е и понатаму слаб, се заклучува во денеска објавениот извештај на Институтот за економски истражувања
Рафинеријата за нафта во Панчево го започна процесот на затварање на производствените капацитети
Рафинеријата за нафта Панчево вчера го започна процесот на затворање на производствените капацитети поради недостиг на сурова нафта за преработка, што е резултат на санкциите што Министерството за финансии на САД ги воведе врз НИС.
Пазарот на криптовалутите се опоравува
Вредноста на биткоинот денеска порасна за 4,64 насто и изнесува 78.816 евра, што укажува на продолжување на опоравувањето на криптовалутите, по големиот пад во понеделникот.


