Со палење свеќи и положување цвеќе, граѓани оддaваат почит нa Фросина Кулакова од Неготино, која беше прегазена додека поминуваше пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во близина на Универзалната сала во Скопје.

Граѓаните на мирниот собир и завчера запалија свеќи и положија цвеќе пред фотографијата на Фросина. Преку написите како „Врските не враќаат човечки живот“ и „Не е несреќа, туку убиство“ тие побараа одговорност од институциите за Фросина и за сите жртви во сообраќајни незгоди.

Мирен собир завчера се одржа и во Неготино, родниот град на Фросина.

 

Голем собир за денес во 17 часот е закажан во Скопје, а протест ќе има во Кавадарци.

„Ве известуваме дека на ден недела, 02.02.2025, во 17:00 часот ќе се одржи протест на булевар Партизански Одреди, кај Универзална сала. Случајот со Фросина Кулакова не е изолиран, се повторуваат истите случаи на неконтролирано возење со години, се повторува неказнувањето и недолжното згаснување на животи. Фрустрирани од состојбите што не се менуваат, повикуваме на изразување на граѓански револт.
Системот ги отфрла децата и младите кои поради недоволна грижа го избираат погрешниот пат. Институциите не се координирани и тоа доведува до млади кои не ја добиваат потребната поддршка за да бидат активни чинители во општеството. Тој недостиг на поддршка резултира до сѐ почести фатални последици.

Протестот има за цел да адресира три главни проблеми:
1. Нефункционалност на системот за заштита на децата и младите кои се во судир со законот
2. Недоволна безбедност во градовите
3. Глорификација на девијантно однесување
Алките во системот за работа со деца и млади во судир со законот не функционираат.

Институциите не настапуваат координирано за идентификување на едата и младите во судир со законите, а тие кои веќе се идентификувани не ја добиваат функционалната грижа за да се изградат во корисни и чесни граѓани на општеството. Дополнително, урбаната инфраструктура не ја осигурува потребната безбедност.

Неопходно е градовите да можат да гарантираат безбедни услови за живот. За крај, од
исклучителна важност е да се поттикне јавната свест кон гласно осудување на глорификацијата на девијантното однесување. Круцијално е да се информираат граѓаните за последиците од возвишувањето на неказнивоста и заобиколувањето на правилата“, стои во најавата од иницијативата #КојЕСледен?.

Дваесет и двегодишната девојка пред 4 дена беше прегазена од дваесетгодишниот Васил Јованов од Скопје, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин.

На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.

Освен Фросина, на 20 јануари 2022 година на пешачкиот премин кај крстосницата кај трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ беше прегазена и студентката Викторија Николова, а на 3 април 2015 година студентката Фросина Цековска на пешачки премин кај Универзална сала.

globe

Слични новости

Трендафилов: Официјалната потрошувачка кошница е обид за минимизирање на ССМ и за незголемување на платите

Трендафилов: Официјалната потрошувачка кошница е обид за минимизирање на ССМ и за незголемување на платите

ССМ ќе продолжи да ја пресметува минималната кошничка, а во креирањето официјална потрошувачка кошница што беше еден од заклучоците на денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), гледа обид за минимизирање на синдикатите, како и обид за незголемување на платите (минималната и останатите плати).

Минималната кошница ќе ја формираат сикдикатите, ДЗС, ОПМ и министерствата за финансии и за економија

Минималната кошница ќе ја формираат сикдикатите, ДЗС, ОПМ и министерствата за финансии и за економија

Не е постигнат договор за минималната плата, но ќе има официјална потрошувачка кошница што ќе ја креираат синдикатите, Државниот завод за статистика, Организација на потрошувачи, како и министерствата за економија и за финансии