Милан се врати на врвот на табелата во италијанското првенство по големиот пресврт во последниот натпревар од 14-то коло одигран во понеделникот вечерта, како гостин победувајќи го Торино со 3:2.

Никола Влашиќ му донесе водство на Торино во 10. од пенал, што беше негов трет гол во лигата оваа сезона, а во 17. минута истрча 50 метри со топката в нозе пред да го помине Запата, кој потоа со прецизен удар откосо го зголеми резултатот на 2:0.

 

Сепак, во 24. минута Рабио постигна еврогол за намалување на резултатот на 1:2, а клучен играч во остатокот од натпреварот беше американскиот напаѓач Пулишиќ, кој влезе во игра во 66. а потоа беше прецизен во 67. и 77. минута за целосен пресврт на натпреварот.

Милан сега има 31 бод, како и Наполи, еден повеќе од третопласираниот Интер. Торино останува на 16-то место со 14 бода, како и Каљари, Џенова и Парма, кои се меѓу 13-то и 15-то место.

Претходно во понеделникот во претпоследниот натпревар од 14-то коло, Џенова оствари вредна победа на гостински терен во борбата за опстанок, победувајќи го Удинезе со 2:1.

Малиновски во 34. минута од пенал ѝ донесе водство на Џенова, Пјотровски во 65. минута успеа да израмни, но Нортон-Кафи во 83, минута им ги обезбеди трите бода на гостите во завршницата.

Џенова сега е 14-та со 14 бода, како и 13-от Каљари, а 18-та Пиза, која е во зоната за испаѓање, заостанува четири бода. Удинезе е 11-ти со 18 бода.

globe

Слични новости

На мундијалот задолжителна триминутна пауза во секое полувреме „за хидратација“

На мундијалот задолжителна триминутна пауза во секое полувреме „за хидратација“

ФИФА објави дека сите натпревари на Светското првенство следната година ќе имаат триминутна пауза во средината на секое полувреме за играчите да се хидрираат, без оглед на временските услови