Голем пожар изби над приморскиот град Химара, на југот на Албанија, кој добива загрижувачки размери поради ветерот. Пламените јазици целосно пеплосaа шест куќи, неколку се опожарени, а поради опасноста се евакуирани локални жители и туристи до целосно стабилизирање на состојбата.
Интервенираат противпожарни единици од повеќе градови, 170 припадници на армијата, а во гаснењето од утрово се вклучени и два армиски хеликоптера. Според последните информации, спречено е натамошно ширење на пожарот.
Тешка беше ноќта и во округот Фиер, каде пламените јазици носени од силниот ветар и високите температури, брзо се проширија од Вадиза кон Леван и понатаму кон областа Мало Пештани (Пештан и Вогел).
Во овие области се уништени маслинови насади, борови шуми, опожарени и неколку домови, работилница и магацин за пчелни кошници и деловен објект.
Слични новости
САД извршија нови удари врз Иран, Техеран возврати со напади врз Бахреин и Кувајт
Најновите напади покажуваат дека САД и Иран се приближуваат кон општа војна по распадот на минатомесечниот привремен договор кој требаше крајно да ги оконча судирите. Истовремено, речиси е целосно запрен поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.