Голем пожар изби над приморскиот град Химара, на југот на Албанија, кој добива загрижувачки размери поради ветерот. Пламените јазици целосно пеплосaа шест куќи, неколку се опожарени, а поради опасноста се евакуирани локални жители и туристи до целосно стабилизирање на состојбата.

Интервенираат противпожарни единици од повеќе градови, 170 припадници на армијата, а во гаснењето од утрово се вклучени и два армиски хеликоптера. Според последните информации, спречено е натамошно ширење на пожарот.

 

Тешка беше ноќта и во округот Фиер, каде пламените јазици носени од силниот ветар и високите температури, брзо се проширија од Вадиза кон Леван и понатаму кон областа Мало Пештани (Пештан и Вогел).

Во овие области се уништени маслинови насади, борови шуми, опожарени и неколку домови, работилница и магацин  за пчелни кошници и деловен објект.

 

Слични новости

Светските мориња во јули ги достигнаа највисоките температури во историјата на мерењата

Светските мориња во јули ги достигнаа највисоките температури во историјата на мерењата

За време на разурнувачкиот топлотен бран што ја погоди Западна Европа, температурите на морињата достигнаа рекордни вредности на атлантскиот брег, во западното Средоземје и во други мориња, уврди службата на ЕУ за климатски промени „Коперникус“.

На Халкидики воведена забрана за сообраќај и пешачење во шумските подрачја поради опасност од пожари

На Халкидики воведена забрана за сообраќај и пешачење во шумските подрачја поради опасност од пожари

Мерката е во сила од 08 до 20 часот и се однесува на подрачја во Касандра, Ситониа и општината Аристотелис каде што индексот на опасност од пожар е во категоријата 3, пишуваат грчките медиуми.