Индексот  Eurostoxx 50, кој ги следи водечките европски акции, како и германскиот индекс DAX, денеска се во пад од повеќе од три проценти, додека британскиот FTSE беше понизок за околу 1,7 проценти.

Пад се очекува и на Волстрит, каде што терминскиот индекс Dow Jones моментално е во минус од повеќе од 1.000 поени или околу 2,3 проценти, додека терминските индекси S&P 500 и Nasdaq исто така бележат пад поголем од два проценти.

На азиските берзи во понеделникот дојде до значителен пад на цените на акциите, откако инвеститорите беа вознемирени од силниот раст на цената на нафтата, која се искачи значително над 110 долари за барел. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции околу 6:30 часот беше во минус од повеќе од три проценти.

Поради силниот пад, јужнокорејскиот индекс Коспи рано утринава се намали за повеќе од осум проценти, по што на берзата привремено беше прекинато тргувањето.

Значителни загуби бележат и другите азиски берзи, а се очекува пад и на најголемите светски пазари, со оглед на тоа што терминските индекси се во длабок минус.

 

Слични новости

Цените на нафтата и гасот во режим на паника

Цените на нафтата и гасот во режим на паника

Цената на нафтата Брент денеска се покачи за 4,79 насто на 96,3 долаи по барел, а сировата нафта скокна за 4,29 насто на 91 долар за барел. Експертите сметаат дека цените на енергентите на берзите и натаму се во режим на паника.