Во септември годинава во Македонија имало околу 600 милиони евра помалку странски инвестиции во однос на истиот период лани.
Податоците на Народната банка покажуваат дека годинава странските инвестиции изнесуваат нешто над 200 милиони евра, додека лани во овој период надминувале 840 милиони евра.
Народната банка објави и дека само во третиот квартал односно во јули, август и септември вкупните директни инвестиции во земјава бележат нето одлив во износ од 21, 8 милиони евра како резултат на нето одливите кај должничките инструменти и реинвестирање на добивката.
Веќе е евидентно дека кризата во Германија се прелева и кај странските компании кои работат во земјава. Две од нив, Аптив и Дура се пред затворање на својот погон.
За ваквото заминување премиерот Мицкоски рече дека не е крај на светот. Некои од компаниите се принудени да го намалат бројот на вработени, други да укинат смени.
Слични новости
Зеленски подготвува да им претстави ажуриран мировен план на САД
Украина и нејзините западноевропски партнери наскоро ќе им претстават „прочистени документи“ на САД за мировен план за прекин на војната со Русија, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски
Мајките од Кочани го повикаа и Мицкоски на одговорност
На седницата на Постајаната анкетна комисија дојде целиот државен врв, се фотографираше и си замина, бидејќи тука биле – за да слушаат
По десет години ЕУ прави пресврт по прашањето за азилот
Десет години по големата мигрантска криза, Европската унија е на прагот на голем пресврт во заедничката политика за азил, за која со години немаше договор


