Акциите на азиските берзи нагло паднаа поради сè поголемата загриженост дека пошироката војна на Блискиот Исток би можела да предизвика нафтен шок што би ја поттикнало инфлацијата и би го одложило намалувањето на каматните стапки.

Поради екстремната нестабилност, утрово беше активиран механизам за „circuit breaker“, привремено запирајќи го тргувањето за да се спречи целосен пад надвор од контрола.

Одлуката на Иран да го затвори Ормутскиот Теснец предизвика паника на азиските пазари.

Јужна Кореја, економија зависна од енергија, беше првата што го почувствува влијанието поради стравот од целосно прекинување на снабдувањето со нафта.

Најголемите загуби беа забележани во Сеул, каде што тргувањето заврши со пад на пазарот од 12 проценти, најголем пад во историјата.

За два дена, референтниот индекс на Јужна Кореја изгуби повеќе од 18 проценти од својата вредност, додека валутата падна на најниско ниво во последните 17 години. 

 Јапонскиот Nikkei падна за 3,9 проценти, а акциите во Тајван за 4,3 проценти, бидејќи инвеститорите продаваа акции на производители на полупроводници – една од најпопуларните инвестиции во последните месеци – веројатно за да ги покријат загубите на други места и да го намалат ризикот.

Слични новости

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари за барел

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари за барел

Цената на нафтата денеска падна на помалку од 100 долари за барел, а европските индекси бележат силен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска би можела да ги заврши акциите во Иран во рок од две до три недели.