Главните американски телевизиски мрежи го суспендираа заедничкото известување за активностите на американскиот претседател Доналд Трамп, откако Белата куќа им забрани пристап на CNN, MS NOW и Politico.

Трамп во петокот ги обвини трите медиуми за „лажни вести“ и најави дека забраната може да биде проширена. На нивните новинари им беше оневозможен влез во Белата куќа.

Како одговор на забраната, останатите телевизии меѓу кои ABC, CBS, NBC и Fox News, одлучија да не испраќаат замена за CNN и да го прекинат заедничкото покривање на активностите на претседателот.

Здружението на медиумски организации за да заштеди трошоци ги  споделува материјалите од претседателските настани кои по принципот на ротирање ги снима по една ТВ екипа.

 

Слични новости

ВИ откри критичен пропуст: Паднаа eвропски владини сајтови

ВИ откри критичен пропуст: Паднаа eвропски владини сајтови

Владини веб-страници во Холандија, Франција, Данска и Финска беа привремено исклучени по откривањето критични безбедносни пропусти во програмскиот јазик PHP, кој се користи за функционирање на голем дел од интернетот.