Главните американски телевизиски мрежи го суспендираа заедничкото известување за активностите на американскиот претседател Доналд Трамп, откако Белата куќа им забрани пристап на CNN, MS NOW и Politico.
Трамп во петокот ги обвини трите медиуми за „лажни вести“ и најави дека забраната може да биде проширена. На нивните новинари им беше оневозможен влез во Белата куќа.
Како одговор на забраната, останатите телевизии меѓу кои ABC, CBS, NBC и Fox News, одлучија да не испраќаат замена за CNN и да го прекинат заедничкото покривање на активностите на претседателот.
Здружението на медиумски организации за да заштеди трошоци ги споделува материјалите од претседателските настани кои по принципот на ротирање ги снима по една ТВ екипа.
Слични новости
На продажба касети со приватни разговори и пробите на „Оејзис“
Архивата на британскиот бенд „Оејзис“ која содржи повеќе од 100 часа снимки од концерти, проби, саундчекирања и приватни разговори на членовите на бендот, ќе биде понудена на аукција во Велика Британија, а се проценува дека ќе достигне до 1,6 милиони фунти
Продуцентите имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд
Британскиот актер Гери Олдман изјави дека продуцентите веќе имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд и дека тој се надева оти тоа ќе биде Џек Лауден, неговиот партнер во шпионската серија „Бавни коњи“
Мариска Харгитај освои две Еми награди за нејзиниот документарец „Мојата мајка Џејн“
Со ова Мариска Харгитај стигна до три Еми награди, откако својата прва Еми награда ја доби во 2006-та за улогата во култната серија „Ред и закон- Специјален одред за жртви“ во 2006-та.


