Поранешниот министер и екс директор на „Белградски електрани“ Раде Баста утринава е уапсен на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, пренесоа српските агенции.
Баста бил уапсен од припадниците на единицата за сузбивање на корупција по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград.
Акцијата на аспења и претреси во Белград е во тек, а српските медиуми јавуваат дека се приведени уште неколку луѓе поврзани со финансиски малверзации.
Раде Баста е осомничен дека како директор на „Белградски електрани“ одобрувал неосновани донации на разни спортски клубови, меѓу кои се помали фудбалски и кошаркарски клубови, како и еден коњички клуб, пренесе РТС.
Слични новости
Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години
Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да иницира изготвување европски закон со кој ќе им се забрани на лицата под 15 години пристап до социјалните медиуми.