Голема лавина удри на падините на Паландокен, еден од најпозантите зимски центри во Турција близу Ерзурум.

Како што известуваат турските медиуми, некои од гостите ги фатила паника, меѓутоа никој не бил повреден. Местото е затворено за посетители.

На лице место се упатени екипи на министерството за внатрешни работи за случаи на катастрофи и вонредни ситуации, како и пожарни служби и полиција.

Лавината ја затрупа северната падина на скијалиштето, изјави гувернерот на областа Ерзурум Мустафа Чифтчи кој рече дека според првите информации нема повредени, иако не се исклучува можноста некој да е затрупан, па на терен се излезени и екипи за спасување.

Упатен е апел до скијачите да не се обидуваат да скијаат на стазите што се затворени, се додека не бидат безбедни.

Слични новости

Додик осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење дејност

Додик осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење дејност

На претседателот на Република Српска му се судеше од февруари 2024 година затоа што не постапил по одлуката на високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит, одговорен за почитување на мировниот договор