Инвестициската банка Голдман Сакс ја намали својата прогноза за цената на нафтата за вториот квартал од 2026 година, откако САД и Иран се согласија на двонеделен прекин на огнот.
Новата проценка изнесува околу 90 долари за барел од референтната нафта Брент, што е драстично намалување во однос на претходната прогноза дека барел Брент ќе чини 99 долари.
Банката соопшти дека ја намалува својата прогноза поради намалениот геополитички ризик и постепеното закрепнување на протокот на нафта низ Ормутскиот теснец, објави Ројтерс.
Сепак, денеска цените на нафтата повторно се зголемија поради загриженоста дека испораките од клучниот регион на Блискиот Исток можеби нема да бидат целосно обновени, со оглед на неизвесноста околу примирјето и континуираниот ограничен премин низ теснецот.
Во третиот квартал Голдман Сакс очекува нафтата да падне на 82 долари за барел.
Слични новости
Историски рекорд: Илон Маск стана првиот човек со богатство преку 800 милијарди долари
Американскиот бизнисмен Илон Маск стана прв човек во историјата чие богатство надминува 800 милијарди долари откако неговата фирма Спејс Икс ја купи неговата компанија за вештачка интелигенција ХАИ.
Австрија: Годишната инфлација падна на 2 насто во јануари
Секторот на енергетика во Австрија забележа пад на цените од 4,9 насто во однос на јануари минатата година, што само по себе ја намали вкупната стапка на инфлацијата за 1,2 процентни поени.
Швајцарската банка УБС со нето профит од 1,2 милијарди долари во последниот квартал од 2025
Швајцарската банка УБС денеска објави дека во четвртиот квартал на 2025 оствари нето добивка од 1,2 милијарди долари, далеку над очекувањата на берзите.