Инвестициската банка Голдман Сакс ја намали својата прогноза за цената на нафтата за вториот квартал од 2026 година, откако САД и Иран се согласија на двонеделен прекин на огнот.

Новата проценка изнесува околу 90 долари за барел од референтната нафта Брент, што е драстично намалување во однос на претходната прогноза дека барел Брент ќе чини 99 долари.

Банката соопшти дека ја намалува својата прогноза поради намалениот геополитички ризик и постепеното закрепнување на протокот на нафта низ Ормутскиот теснец, објави Ројтерс.

 

Сепак, денеска цените на нафтата повторно се зголемија поради загриженоста дека испораките од клучниот регион на Блискиот Исток можеби нема да бидат целосно обновени, со оглед на неизвесноста околу примирјето и континуираниот ограничен премин низ теснецот.

Во третиот квартал Голдман Сакс очекува нафтата да падне на 82 долари за барел.

Слични новости

Загубени 92 000 работни места во САД во февруари

Загубени 92 000 работни места во САД во февруари

Според најновите податоци на Бирото за статистика на трудот на САД, економијата на САД изгубила околу 92.000 работни места, што претставува сериозен удар за економските очекувања и политичката реторика на Доналд Трамп.