Инвестициската банка Голдман Сакс ја намали својата прогноза за цената на нафтата за вториот квартал од 2026 година, откако САД и Иран се согласија на двонеделен прекин на огнот.
Новата проценка изнесува околу 90 долари за барел од референтната нафта Брент, што е драстично намалување во однос на претходната прогноза дека барел Брент ќе чини 99 долари.
Банката соопшти дека ја намалува својата прогноза поради намалениот геополитички ризик и постепеното закрепнување на протокот на нафта низ Ормутскиот теснец, објави Ројтерс.
Сепак, денеска цените на нафтата повторно се зголемија поради загриженоста дека испораките од клучниот регион на Блискиот Исток можеби нема да бидат целосно обновени, со оглед на неизвесноста околу примирјето и континуираниот ограничен премин низ теснецот.
Во третиот квартал Голдман Сакс очекува нафтата да падне на 82 долари за барел.
Слични новости
Цената на нафтата Брент денеска под 100 долари за барел
Според податоците на берзата, цената на сировата нафта падна за 6,02 насто на 86,77 долари по барел, а цената на нафтата Брент падна за 5,82 насто на 97,72 долари.
Приватниот сектор во еврозоната забави во март, пазарите веќе го вклакулираа порастот на каматите
Бизнис активноста во приватниот сектор на еврозоната во март е најбавна во изминатите десет месеци, бидејќи војната на Блискиот исток ги зголемува инфлаторните притисоци и го загрозува економското заздравување во Европа.
По осум години, ЕУ и Австралија со договор за слободна трговија
По осум години преговори, Европската Унија и Австралија ги финализираа разговорите за договор за слободна трговија, што отвора ново поглавје во економските односи меѓу Брисел и Канбера.


