Инвестициската банка Голдман Сакс ја намали својата прогноза за цената на нафтата за вториот квартал од 2026 година, откако САД и Иран се согласија на двонеделен прекин на огнот.

Новата проценка изнесува околу 90 долари за барел од референтната нафта Брент, што е драстично намалување во однос на претходната прогноза дека барел Брент ќе чини 99 долари.

Банката соопшти дека ја намалува својата прогноза поради намалениот геополитички ризик и постепеното закрепнување на протокот на нафта низ Ормутскиот теснец, објави Ројтерс.

 

Сепак, денеска цените на нафтата повторно се зголемија поради загриженоста дека испораките од клучниот регион на Блискиот Исток можеби нема да бидат целосно обновени, со оглед на неизвесноста околу примирјето и континуираниот ограничен премин низ теснецот.

Во третиот квартал Голдман Сакс очекува нафтата да падне на 82 долари за барел.

Слични новости

Нафтата Брент надмина 112 долари и е на највисоко ниво во последните три години

Нафтата Брент надмина 112 долари и е на највисоко ниво во последните три години

Меѓународната референтна цена на суровата нафта Брент се зголеми за 4,22% и изнесува 112,57 долари на светските берзи, додека цените на американската сурова нафта се зголемија за 5,46% и се затворија на 99,64 долари за барел.

Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра

Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра

Во првите 17 дена од кризата со Иран, ЕУ потрошила околу шест милијарди евра повеќе за увоз на фосилни горива. Иако обновливите извори покриваат 48 отсто од потрошувачката на струја, транспортот останува силно зависен од увозот