Инвестициската банка Голдман Сакс ја намали својата прогноза за цената на нафтата за вториот квартал од 2026 година, откако САД и Иран се согласија на двонеделен прекин на огнот.
Новата проценка изнесува околу 90 долари за барел од референтната нафта Брент, што е драстично намалување во однос на претходната прогноза дека барел Брент ќе чини 99 долари.
Банката соопшти дека ја намалува својата прогноза поради намалениот геополитички ризик и постепеното закрепнување на протокот на нафта низ Ормутскиот теснец, објави Ројтерс.
Сепак, денеска цените на нафтата повторно се зголемија поради загриженоста дека испораките од клучниот регион на Блискиот Исток можеби нема да бидат целосно обновени, со оглед на неизвесноста околу примирјето и континуираниот ограничен премин низ теснецот.
Во третиот квартал Голдман Сакс очекува нафтата да падне на 82 долари за барел.
Слични новости
Азиските берзи денеска во пад по изјавата на Трамп дека планира да го заземе иранскиот центар за извоз на нафта
Во Азија, каде што економиите се многу изложени на недостигот на нафта и гас што доаѓа од Заливот, берзите нагло паднаа. Јапонскиот Никеи падна за 3%, додека јужнокорејскиот Коспи падна за 3,4%.
Цената на нафтата Брент скокна на над 115 долари за барел
Цената на нафтата Брент во март порасна за повеќе од 55 насто, што е најбрз месечен раст било кога забележан во историјата, пренесе американската телевизија Си Ен Би СИ.
Поради војната на Блискиот исток економистите очекуваат повисока инфлација и побавен раст во САД
Проекциите за економскиот раст на САД се намалени и сега проценката е дека растот на БДП-то во САД ќе изнесува 2,3 проценти, со послаба лична потрошувачка и побавен раст на вработувањата во првата половина од 2026.


