Инвестициската банка Голдман Сакс ја намали својата прогноза за цената на нафтата за вториот квартал од 2026 година, откако САД и Иран се согласија на двонеделен прекин на огнот.
Новата проценка изнесува околу 90 долари за барел од референтната нафта Брент, што е драстично намалување во однос на претходната прогноза дека барел Брент ќе чини 99 долари.
Банката соопшти дека ја намалува својата прогноза поради намалениот геополитички ризик и постепеното закрепнување на протокот на нафта низ Ормутскиот теснец, објави Ројтерс.
Сепак, денеска цените на нафтата повторно се зголемија поради загриженоста дека испораките од клучниот регион на Блискиот Исток можеби нема да бидат целосно обновени, со оглед на неизвесноста околу примирјето и континуираниот ограничен премин низ теснецот.
Во третиот квартал Голдман Сакс очекува нафтата да падне на 82 долари за барел.
Слични новости
Европските индекси варираат, нафтата Брент 107 долари
Европските индекси на берзите денеска варираат, а нафтата Брент се продава за 107 долари по барел по извештајот дека американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да ја оконча воената кампања против Иран
Министерот зна ЕУ за енергетика Јоргенсен порача дека Европа треба да се подготви за пореметување на енергетските пазари
Владите на државите членки на ЕУ би требало да се подготват за долготрајно пореметувања на енергетските пазари како последица на војната со Иран, порача комесарот за енергетика на ЕУ Дан Јоргенсен.
Значаен пад на економската доверба и раст на неизвесноста во ЕУ
Економскиот сентимент во еврозоната во март падна, со значаен пораст на песимизам кај потрошувачите, покажува денеска објавениот извештај на Европската комисија.


