Њујоршката инвестициска банка Голдман Сакс очекува дека Европската централна банка (ЕЦБ) во април и во јуни ќе ги зголеми каматните стапки за по 25 базни поени.

Голдман Сакс предвидуваше дека ЕЦБ во текот на целата 2026 ќе ги задржи каматните стапки на исто ниво, но сега ги смени проекциите поради војната во Блискиот исток, пренесува Ројтерс.

Актуелната референтна камтна стапка на ЕЦП изнесува 2 насто, а камтите на граничните кредитни линии 2,4 насто. И банките Џеј Пи Морган и Баклис очекуваат зголемување на каматните стапки.

 

Слични новости

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари за барел

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари за барел

Цената на нафтата денеска падна на помалку од 100 долари за барел, а европските индекси бележат силен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска би можела да ги заврши акциите во Иран во рок од две до три недели.