Њујоршката инвестициска банка Голдман Сакс очекува дека Европската централна банка (ЕЦБ) во април и во јуни ќе ги зголеми каматните стапки за по 25 базни поени.
Голдман Сакс предвидуваше дека ЕЦБ во текот на целата 2026 ќе ги задржи каматните стапки на исто ниво, но сега ги смени проекциите поради војната во Блискиот исток, пренесува Ројтерс.
Актуелната референтна камтна стапка на ЕЦП изнесува 2 насто, а камтите на граничните кредитни линии 2,4 насто. И банките Џеј Пи Морган и Баклис очекуваат зголемување на каматните стапки.
Слични новости
Велика Британија ги ублажува санкциите кон Русија поради растот на цената на енергентите
Владата на Велика Британија донесе одлука да ги ублажи строгите санкции за руската нафта која се преработува во дизел и млазни горива во трети земји...
САД издадоа дозвола на 30 дена за пристап кон руската нафта која се транспортира по морски пат
Американскиот министер за финансии Скот Бесент на социјалната мрежа Икс наведе дека потегот ќе им овозоможи дополнителна флексибилност на државите кои се соочуваат со енергетски проблеми и дека Вашингтон, по потреба, ќе издава и специјални дозволи.
Цената на нафтата Брент падна на 110 долари за барел
Цените на нафтата во однос на понеделникот паднаа првенствено поради смалените геополитички напнатости, откако американскиот претседател Доналд Трамп привремено го запре планираниот воен удар врз Иран.


