Со ефикасна серија во второто полувреме кошаркарите на Голден Стејт Вориорс ја запреа водечката Оклахома и ја победија со 116:109. Кај Оклахома Шеи Гилџес Александар постигна 52 коша, а Џејлен Вилијамс 26, но и покрај тоа Тандерс го загубија мечот од Голден Стејт кој се бори за пласман во плеј офот.
Кај победничкиот тим најефикасен беше Ендрју Вигинс со 27, а Стеф Кари постигна 21 кош. И покрај поразот Оклахома има најдобар скор на западот со 37 победи и 9 порази, а Голден Стејт е 11-ти со 24 победи и 23 порази, колку што има и Сакраменто на 10-тото место кое води во плеј ин разигрувањето.
Во другото дерби на западот Клиперс го победија Сан Антонио со 128:116 во меч во кој повратникот по повредата Каваја Ленард беше најефикасен со 27 поени. Виктор Вембенјама беше најефикасен кај Сан Антонио со 23 коша и 12 скокови.
Слични новости
Серија А: Рома и Интер во 93. минута до бод против Наполи и Милан
Наполи, лидерот во италијанската Серија А, водеше со 1:0 до 93. минута на „Олимпико“ против Рома, но последниот неделен меч од 23. коло заврши без победник
Премиер лига: Арсенал го победи Манчестер Сити со 5:1
Во дерби натпреварот од 24. коло на англиската Премиер лига, фудбалерите на Арсенал на својот стадион „Емирати“ го совладаа Манчестер Сити со 5:1
Манчестер Јунајтед го доведе Данецот Доргу
Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед потпиша договор со 20-годишниот дански лев бек Патрик Доргу до 2030 година, објави во неделата клубот од Премиер лигата