Американскиот новинар Џејк Фишер пишува дека Голден Стејт Вориорс имаат за цел да го доведат српскиот центар и трократен МВП на НБА лигата Никола Јокиќ во своите редови следната сезона. Тој открива дека флексибилниот платен фоннд му отвара таква можност на тимот, за кој веруваат дека сеуште е топ дестинација.

На Јокиќ следната година му истекува договорот со Денвер Нагетс. Тој најави дека ќе го продолжи договорот со нив, но како слободен играч може и да го смени клубот, во кој засега ја мина целата играчка кариера во НБА. 

Во Голден Стејт веруваат дека токму Јокиќ е шансата за легендата Стеф Кари да стигне до уште една шампионска титула.

Слични новости

Стоперот на Барцелона Андреас Кристенсен со потешка повреда и ќе мора да паузира најмалку два месеца

Стоперот на Барцелона Андреас Кристенсен со потешка повреда и ќе мора да паузира најмалку два месеца

Стоперот на Барцелона има потешка повреда од првичните прогнози дека за четири недели би можел да се вртаи на теренот. Новите лекарски контроли покажуваат дека данскиот стопер го очекуваат минимум два месеци пауза.