Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс и годинава не успејаа да се пласираат во плеј офот на НБА лигата откако во плеј ин натпреварот беа поразени од Феникс Санс со 111:96. Голден Стејт одигра слаб натпревар, а потфрли и првата ѕвезда на тимот Стеф Кари кој имаше шут 3 од 10 за тројка.
Со тоа Феникс во првото коло ќе игра против првопласираната Оклахома, а Портланд ќе игра против Сан Антонио.
Плеј офот во НБА лигата започнува вечерва, а во западната конференција од 21 и 30 играат Денвер против Минесота, а од 3 часот по полноќ Лејкерс со Хјустон.
Слични новости
Доминик Калверт Луин најдобар фудбалер на Премиер лигата во декември
Фудбалерот на Лидс Доминик Калверт Луин е прогласен за најдобар играч на Премиер лигата во декември, соопшти Премиер лигата.
Реал Мадрид елиминиран од второлигашот Албасете во Купот на Кралот
Албасете го победи Реал со 3:2, а поразот е тежок удар за новиот тренер Алваро Арбелоа кој во понеделникот го наследи неговиот некогашен соиграч Чаби Алонсо кој доби отказ од управата на Реал Мадрид по неуспехот во суперкупот во Џеда.

