Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс и годинава не успејаа да се пласираат во плеј офот на НБА лигата откако во плеј ин натпреварот беа поразени од Феникс Санс со 111:96. Голден Стејт одигра слаб натпревар, а потфрли и првата ѕвезда на тимот Стеф Кари кој имаше шут 3 од 10 за тројка.

Со тоа Феникс во првото коло ќе игра против првопласираната Оклахома, а Портланд ќе игра против Сан Антонио.

Плеј офот во НБА лигата започнува вечерва, а во западната конференција од 21 и 30 играат Денвер против Минесота, а од 3 часот по полноќ Лејкерс со Хјустон.

 

Слични новости

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено