Голден Стејт Вориорс посакуваа да ја донесат во тимот грчката суперѕвезда Јанис Адетокумбо во текот на измскиот преоден рок, но не успејаа во тоа, па направија размена со која во тимот дојде Летомецот Кристапс Порзингис.

Порзингис беше заменет за бекот шутер Бади Хилд и крилниот центар Џонатан Каминга.

Порзингис сезонава има 17 коша и 5 скока по натпревар, додека Хилд и каминга имаат многу полоши сезони од претходните.

Големиот знак прашалник кај Летонецот не е неговиот талент, туку склоноста кон повреди во текот на целата кариера. Годинава одигра само 17 натпревари, а три сезони нема одиграно повеќе од 60 натпревари по сезона.

Слични новости

Јута Џез силно се засили во зимскиот преоден рок за три први пикови на драфтот

Јута со размената го доби високото крило Џарен Џексон -најголемата ѕвезда на Мемфис, заедно со Џон Кончар, Џок Лендејл и Винс Вилијамс, а во Мемфис заминуваат Волтер Клејтон, Кајл Андерсон, Тејлор Хедрикс и Џорџ Нијанг.