Акциите на европските компании забележаа голем пад на берзите откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во текот на викендот. Паневропскиот СТОКС падна за 1,7 насто, при што главните берзи забележаа негативни резултати.
Индексот на Франкфуртската берза падна за 2,6 насто, француската берза забележа пад од 2,2 насто, а лондонскиот ФТСЕ падна за 1,2 роценти.
Најголем пад забележаа акциите на компаниите поврзани со патувања и туризам. Англо-американскиот оператор на крузерски линии Карнивал загуби 8 насто, Интернешенал Консолидејтед Еирлајнс 5 насто исто колку и на Луфтханза, додека акциите на ТИУ АГ паднаа за речиси 10 проценти.
Од друга страна акциите на компаниите од воената индустрија се во пораст.
Слични новости
Благ пад на цената на нафтата и златото на берзите
Цената на сировата нафта благо падна на 64,3 долари по барел, а цената на нафтата „Брент“ падна на 68,98 долари по барел.
Берзите во Европа и натаму во пораст
Европските берзански индекси и денеска главно се во пораст, откако добрите резултати во работењето на холандскиот Филипс и францускиот Керинг позитивно влијае врз трговијата
Европските берзански индекси во пораст
Европските берзански индекси денеска се главно во пораст, откако беше продолжен позитивниот тренд од петокот

