Годишната стапка на инфлација во Бугарија падна на 3,3 насто во февруари, во однос на 3,5 насто колку што изнесуваше во јануари.

Ова е најниско ниво на инфлација во Бугарија од декември 2024 и одговара на прелиминарните проценки, пренесе Трејдинг економикс.

Растот на цените во Бугарија во февруари беше успорен главно кај мебелот, апаратите за домаќинство, станувањето и комуналните услуги.

Од први јануари Бугарија го замени левот со еврото и стана членка на европската монетарна унија.

Слични новости

Криза за гориво на европските аеродроми

Криза за гориво на европските аеродроми

На европските аеродроми им се заканува системски недостиг од авионско гориво доколку Ормускиот теснец во наредните три недели целосно не се отвори за сообраќај, предупреди авио-индустријата.