Годишната инфлација во еврозоната според прелиминарните „флеќ“ проценки порасна од августовските 3,2 насто, на 3,8 насто во септември, така што сега е на највисоко ниво за последните три години, објави денеска Евростат.

Најголем придонес за пораста на цените и натаму доаѓа од скапите енергенти, чии цени во септември пораснаа за 18,8 насто во споредба со ланскиот септември, по растот од 14,2 насто во август.

Инфлацијата во секторот на услугите во еврозоната се покачи од 3 на 3,2 насто меѓугодишно, а цените на храната, алкохолот и тутунот, од 1,1 на 1,4 насто.

Слични новости

Растат цените на нафтата и гасот, Брент е над 107 долари за барел

Растат цените на нафтата и гасот, Брент е над 107 долари за барел

Цените на енергенсите на европските и американските пазари продолжуваат со раст и цената на нафтата од типот Брент ја премина границата од 107,50 долари за барел додека европскиот природен гас повторно се приближи на ниво од околу 82 евра за мегават-час.