Годишната инфлација во Бугарија порасна во октомври на 6,1 насто од 5,7 насто колку што изнесуваше во септември и сега е највисока за последните пет месеци, покажува најновиот извештај на бугарскиот национален институт за статистика.
Забрзување на инфлацијата е забележано во повеќето категории на производи и услуги, а најголемата ставка и натаму доаѓа од транспортот, каде што цените пораснаа за 27,1 насто на годишно ниво.
Цените во бугарските ресторани и хотели се зголемени за 9,8 насто меѓугодишно. Цените на храната и безалкохолните пијалоци пораснаа за 1,9 насто, а на месечно ниво потрошувачките цени во Бугарија пораснаа за 1,3 насто.
Слични новости
Цената на нафтата Брент надмина 107 долари, европскиот гас скокна на 83 евра за мегават-час
Цената на сировата нафта Брент денеска стигна до 107,74 долари за барел, додека цената на американската сирова нафта ВТИ се продава за 102,88 долари за барел.
САД најавиja укинување на царините за ирското виски
Американскиот претседател Доналд Трамп за време на престојот во Ирска на голф турнир на терен кој е во негова сопственост, изјави дека Вашингтон ќе ги укине царините за ирското виски.
Владата го намали ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 проценти – повластената стапка од вечерва по полноќ до полноќ на 28 септември
Владата го намалува ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 отсто. Кај бензините, согласно пресметките, се очекува зголемување од околу 3,5 денари, што значи дека новата цена би изнесувала околу 100,5 денари за литар за Еуросупер БС-95, односно 102,5 денари за литар Еуросупер БС-98.


