Денот после Божик, таканареќениот Боксинг деј, отсекогаш бил резервиран за многубројни натпревари од англиската Премиер лига, но годинава нема да биде така и ќе се одигра само еден натпревар Манчестер јунајтед-Њукасл.
Љубителите на фудбалот во Англија се шокирани затоа што се урива важна традиција на англискиот фудбал, а Премиер лигата објасни дека одлуката за само еден натпревар е донесена поради згузнатиот распоред и обврските со договорите за телевизиски права, 33 викенди да има телевизиски преноси.
Затоа сите други натпревари од Боксинг деј што се паѓа во петок, се префрлени за во сабота и недела. Премиер лигата вети дека следната година ќе се погрижи да има повеќе натпревари за Боксинг деј.
Слични новости
Евролига: Хапоел не го дава врвот, Фенер ја доби Барса со драматична завршница
Кошаркарите на Хапоел Тел Авив ја задржа својата предност на табелата во Евролигата откако го победија Баерн Минхен со 84:72 во натпреварот од 18-то коло на гости
Исак со месеци ќе биде надвор од терените
Ќе бидеме без Александер Исак долго време, неколку месеци, изјави тренерот на Ливерпул, Арне Слот, кога англиските новинари го прашаа за сериозноста на повредата на шведскиот напаѓач
Реал му го позајми Ендрик на Лион
Младиот напаѓач на Реал Мадрид, Бразилецот Ендрик Фелипе Мореира де Соуза, попознат како Ендрик, ќе го мине остатокот од сезоната на позајмица во Лион, објави францускиот клуб на социјалните мрежи


