Оксфорд за збор на годината го избра „гниењето на мозокот“ (Brain rot). Како што објаснуваат од Оксфорд овој поим значи „затупување“ на мозокот настанот од бескрајно „скролање“ на социјалните мрежи.

Самиот израз содржи и загриженост во врска со влијанието на прекумерната употреба на неквалитетна он лајн содржина, особено онаа на социјалните мрежи.

Научниците кои се занимаваат со истражување на влијанието на интернетот врз општеството нагласуваат дека на интернет има огромно количество тривијални и неточни информации, кои токсично делуваат на нашето ментално функционирање.

 

Доколку се фокусираме на тие ирелевантни содржини и бараме само лесна забава на интернет, го доведуваме мозокот во опасност од гниење -метафорично но и вистинско.

Оксфордскиот збор на годината „гниење на мозокот“ треба да и обрне внимание на јавноста дека поголемиот број на луѓе живеат во зомбиран свет во кој не ги креваат главите од телефоните и постојано скролаат со палецот на лесни и бесполезни интернет содржини.

Слични новости

Киргистан ја менува химната, премногу е советска

Киргистан ја менува химната, премногу е советска

Киргистан објави дека ќе ја промени својата национална химна бидејќи ја смета за премногу советска, во уште една од низата мерки преземени за промена на државните симболи и зајакнување на националниот идентитет

Тејлор Свифт го собори рекордот според бројот на наградите на Билборд

Тејлор Свифт го собори рекордот според бројот на наградите на Билборд

Американската пејачка и кантавторка Тејлор Свифт изјави дека тоа што ќе влезе во историјата како најнаградувана добитничка на музичките награди на Билборд е „најдобриот ран роденденски подарок“ за неа