Големи се шансите дека во следните пет години ќе бидат соборени глобални рекорди за топлина, се вели во нов извештај на Светската метеоролошка организација.

Новите климатски проекции на обединетите нации предвидуваат голема веројатност за позабрзано затоплување до 2030 година, при што земјата ќе го собори својот рекорд за најтопла година и редовно ќе ја надминува меѓународната климатска граница поставена како безбедна во 2015 година.

„Во следните пет години очекуваме температурите да бидат над просекот речиси насекаде во светот, особено на северната хемисфера, а исто така и на копно“. Климата се  затоплува и глобалните просечни температури продолжуваат да растат и многу е јасно дека треба да преземеме итни мерки за да го намалиме ова колку што е можно повеќе, вели климатскиот  научник Мелиса Сибрук.

Слични новости

Номинираните за Оскар се вратија во Лос Анџелес по паузата поради ланските пожари

Меѓу присутните беа и актерските ветерани кои за прв пат добиваат номинација за оскар, Швеѓанецот Стелан Скарсгард (Сентиментална вредност) кој ја доби својата прва номинација на 74 годишна возраст