Големи се шансите дека во следните пет години ќе бидат соборени глобални рекорди за топлина, се вели во нов извештај на Светската метеоролошка организација.
Новите климатски проекции на обединетите нации предвидуваат голема веројатност за позабрзано затоплување до 2030 година, при што земјата ќе го собори својот рекорд за најтопла година и редовно ќе ја надминува меѓународната климатска граница поставена како безбедна во 2015 година.
„Во следните пет години очекуваме температурите да бидат над просекот речиси насекаде во светот, особено на северната хемисфера, а исто така и на копно“. Климата се затоплува и глобалните просечни температури продолжуваат да растат и многу е јасно дека треба да преземеме итни мерки за да го намалиме ова колку што е можно повеќе, вели климатскиот научник Мелиса Сибрук.
Слични новости
„Верити“ со Дакота Џонсон и Ен Хатавеј ќе има премиерата во октомври
Филмот „Верити“ сниман според бестселерот на Колин Хувер ќе ја има својата премиера на втори октомври годинава. За прв пат беше објавен трејлерот од филмот во кој главните улоги ги толкуваат Дакота Џонсон и Ен Хатавеј.
Кристофер Нолан објави снимки од неговиот нов филм кој сите го очекуваат „Одисеја“
Најочекуваниот филм на годината „Одисеја“ на Кристофер Нолан, се појави на СинемаКон, каде што режисерот на филмот покажа некои снимки од неговото најново дело, меѓу кои и секвенцата за „Тројанскиот коњ„.
Спор меѓу Турција и Грција за Шкембе чорбата
Еден грчки угостител од Солун покрена иницијатива традиционалната грчка чорба која ја нарекуваат „пача“ да биде на списокот на нематеријалното културно наследство на Унеско, што предизвика нов спор меѓу Турција и Грција околу потеклото на ова јадење


