Кинески „Geely“ сигнализираше дека има намера да го запре проширувањето на производството, а претседателот и основач Ли Шуфу изјави дека глобалната автомобилска индустрија има „сериозен вишок капацитети“.
„Geely“ нема да го прошири производството во своите фабрики ниту да гради нови, изјави Ли во саботата.
Минатата седмици Министерството за трговија на Кина соопшти дека ќе ги заостри упатствата за конкуренција во автомобилскиот сектор за да го ограничи зголемувањето на цените што им штети на дилерите и добавувачите и предизвикува загуби во секторот како целина, според предупредувањата на шефовите на поедини компании.

Ситуацијата во кинеската индустрија за електрични автомобили во моментов е многу нездрава, со големи загуби и долготрајна ценовна војна што го оптоварува синџирот на снабдување, предупреди шефот на „Great Wall Motor“ (GMW), Веи Џианџун, пред десетина дена.
Континуираните намалувања на цените ги ставаат добавувачите во опасност, но исто така негативно влијаат на безбедноста и квалитетот на автомобилите, предупреди Веи.
„Great Wall Motor“ во моментов гради фабрики во странство, а BYD и „Chery Auto“ исто така имаат намера да го прошират производството надвор од Кина.
„Geely“, пак, во февруари се согласи со француски „Renault“ дека ќе ги преземе неговите фабрики и малцински удел во работењето во Бразил.
На почетокот од април Пекинг ги суспендираше дозволите за „Geely“ и „BYD“ за вложувања во Латинска Америка, предупредувајќи на ризикот од трансфер на технологија, според два извора запознаени со ова прашање.
Процесот на добивање дозвола од Пекинг траеше подолго од очекуваното, а државниот планер им кажа на претставниците во компаниите дека плановите вклучуваат ризици од трансфер на технологија, без да дадат детали, велат изворите.
Слични новости
Цените на нафтата под 72 долари
Цените на нафтата паднаа под 72 долари на меѓународните пазари во понеделникот, бидејќи инвеститорите пронајдоа светла точка во непреченото поминување на енергенсите низ Ормутскиот теснец по израелскиот напад врз Иран и иранскиот одговор, како и написот на The Wall Street Journal (WSJ) дека Техеран наводно сигнализирал подготвеност за преговори
Европското индустриско производство се намали во април
Индустриското производство во еврозоната и Европската унија се намали во април првпат од крајот на минатата година
Шпедитерите на нафта ги прекинаа понудите за Блискиот исток поради засилувањето на судирот
Иако веројатноста за значајни или долгорочни пореметувања во снабдувањето со нафта во оваа фаза на судирот е мала, стабилноста на бродскиот превоз на Блискиот исток ќе биде во фокусот на глобалните пазари во наредните неколку недели.