Големите имиња на глобалниот филм, актерката Глен Клоуз, режисерот и продуцент Ридли Скот и аниматорот Флојд Норман добија почесни Оскари од Американската академија за филмски уметности. Легендарниот режисер Ридли Скот не се појави на свечената церемонија на доделата на Оскарите поради болест.
На свеченоста која се одржа во Реј Долби во Холивуд присуствуваа речиси сите членови на Академијата, како и годинешните фаворити за Оскар. Од филмот „Одисеја“ на свеченоста беа присутни режисерот Кристофер Нолан како и актерите Зендеја, Том Холанд и Шарлиз Терон.
Од филмот “Дебито“ дојдоа актерските ѕвезди Џулијана Мур, Пол Џијамати и Ема Стоун, како и Кари Бејкер и Инди Наварет, од хит хоророт „Опсесија“.
Слични новости
Дијамантот „Булгари пинк“ продаден за 13,1 милиони евра
Реткиот црвенкаст дијамант „Булгари пинк“ тежок 24 карати е продаден на аукција на Кристи во Женева за 13,1 милиони евра, пренесе Шпигел.
Почина американскиот актер Стејси Кич
Американскиот актер Стејси Кич, познат по улогите на детективот Мајк Хамер и писателот Ернест Хемингвеј, почина на 85 годишна возраст од срцева слабост, соопшти неговата сопруга.
Францускиот пистаел Мишел Уелбек обвинет за поттикнување омраза кон муслиманите
Францускиот пистаел Мишел Уелбек формално е обвинет за соучесништво во поттикунавње на дискриминација, омраза или насилство кон група на луѓе заради нивното потекло или верска припадност


