Големите имиња на глобалниот филм, актерката Глен Клоуз, режисерот и продуцент Ридли Скот и аниматорот Флојд Норман добија почесни Оскари од Американската академија за филмски уметности. Легендарниот режисер Ридли Скот не се појави на свечената церемонија на доделата на Оскарите поради болест.

На свеченоста која се одржа во Реј Долби во Холивуд присуствуваа речиси сите членови на Академијата, како и годинешните фаворити за Оскар. Од филмот „Одисеја“ на свеченоста беа присутни режисерот Кристофер Нолан како и актерите Зендеја, Том Холанд и Шарлиз Терон.

Од филмот “Дебито“ дојдоа актерските ѕвезди Џулијана Мур, Пол Џијамати и Ема Стоун, како и Кари Бејкер и Инди Наварет, од хит хоророт „Опсесија“.

 

Слични новости

Истражувачите тврдат дека ја пронајдоа „Ноевата арка“

Истражувачите тврдат дека ја пронајдоа „Ноевата арка“

Истражувачите на организацијата „ Noah’s Ark Scans“ кои со години ја испитуваат формацијата Дурупинар на истокот од Турција, тврдат дека новите радарски истражувања дополнително ја засилиле тезата дека под земјата се наоѓаат остатоци од структурата која се поврзува со библиската „Ноева арка“.