Бугарија го поддржува проширување на ЕУ со Западниот Балкан врз принципот на почитување на условите за прием во Унијата, изјави вечерва бугарскиот премиер Димитар Главчев при пристигнувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел.
„Конкретно кога станува збор за Северна Македонија, го имаме т.н. компромис од 2022 година, направен од наша страна. Тој е веќе европски (услов), потпишан од сите држави членки на Европската Унија, вклучително и од Бугарија како земја членка, плус од Северна Македонија и нема за што да преговараме. Нашата позиција е непроменета“, рече Главчев.
Запрашан дали ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан при неговата посета на Софија, Главчев изјави оти „не му е познато дека ќе имаат средба, освен оваа во Брисел“, посочувајќи дека посетата е на поканата на бугарскиот претседател Румен Радев и сите прашања околу тоа за што ќе се разговара треба да се упатат на таа адреса.
Слични новости
Црна Гора: На седница на парламентарна комисија фрлена димна бомба
На инцидентот му претходеше жестока дебата, за време на која опозицијата предводена од Демократската партија на социјалистите тврдеше дека станува збор за обид за уставен удар во Црна Гора
Турција ќе добие уште милијарда евра од ЕУ за сириските бегалци
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во вторникот објави дека Турција ќе добие уштемилијарда евра оваа година за помош на сириските бегалци во земјата
Србија и натаму блокирана во пристапните преговори со ЕУ
И покрај напорите на унгарското претседателство, пристапните преговори со Србија остануваат блокирани, додека Црна Гора и Албанија постигнаа напредок во пристапниот процес во понеделник и вторник